• сабота, 23 ноември 2024

Пешевска: Општеството мора да стане пристојно место за политички натпревар, жените не се само бројка, тие се моќ

Пешевска: Општеството мора да стане пристојно место за политички натпревар, жените не се само бројка, тие се моќ

Скопје, 8 март 2023 

Денешниот ден е прилика да се потсетиме и да видиме до каде стигнало македонското општество во напорите да се постигне родова рамноправност.

Исто така, меѓународниот ден на жената е прилика да ги повикаме и да ги мобилизираме сите граѓани за понатамошни конкретни промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.  

Како жени, секојдневно се бориме за исти цели.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со конкретни бројки кога станува збор за интегрирањето на родовите перспективи во партиските политики. Имаме жена-потпретседателка на партијата, во Собранието имаме 18 пратенички, 2 заменички координаторки, а советите на општините имаме 16 претседателки на советите.ВМРО-ДПМНЕ е партија која навистина го цени и почитува капацитетот на жените. Тоа се покажа и во програмските определби на партијата со самиот факт дека имавме зацртано 40% од составот на министрите да бидат жени.

Наш предизвик е родовите перспективи да се интегрираат во сите институции, да ја интензивираме регионалната соработка, да го унапредуваме и развиваме партнерскиот однос со цивилниот сектор итн.

Посветено и секојдневно работиме на родовата сензитивност во нашето општество затоа што тоа е единствениот начин на кој родовата еднаквост ќе дојде по природен пат.Но, од другата страна на политиката имаме власт која само декларативно се залага за уважувањето на жената.

Никако не можеме да се согласиме дека власта ја третира жената на достинствен начин, кога таквата власт ја предводи премиер кој навреди жена и со самиот тој чин го засени достоинственото одбележување на овогодинешниот Меѓународен ден на жената!  Денес не можеме, а да не изразиме сериозна загриженост од лицемерието што се случуваше во Прилеп.

Пред сè, бевме сведоци на еден чуден пред осмо мартовски марш, после кој никако не можеме да сфатиме кој маршираше - против кого!?

Дали можеби Димитар протестираше против Ковачевски кој навреди жена?Или можеби министерот за здравство протестираше затоа што во 21ви век ни умираат жени од сепса, а новороденчиња од туберкулоза?

Или пак, можеби Јованка протестираше против Тренчевска затоа што 70 текстилни работнички кои само затоа што си ги побараа своите плати, треба да платат 20.000 евра?Ова се само неколку немили примери од нашето секојдневие, кои гласно говорат за фактот дека женската борба трае. 

Во таа насока, секогаш сме подготвени да ги прифатиме предизвиците и да ги унапредиме околностите кои ги затекнуваме.

Не се откажуваме од борбата за родова еднаквост во политичките процеси, која истовремено значи и борба за владеење на правото и човековите права.Општеството мора да стане пристојно место за политички натпревар во кој најмногу и пред сè, ќе се цени квалитетот.

Жените не се само бројка и квота, туку жените се моќ.Нека ни е честит 8-ми март – Меѓународниот ден на жените!

 

Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан