Пешак тешко повреден, го удрил автобус на ЈСП
- Тешко повреден е Љ.Џ. (85) од скопското село Студеничани откако вчера го удрил автобус на ЈСП „Скопје“. МВР информира дека несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје.

Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - Тешко повреден е Љ.Џ. (85) од скопското село Студеничани откако вчера го удрил автобус на ЈСП „Скопје“. МВР информира дека несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје.
Авотбусот бил управуван од Б.Б.(53) од Скопје, а Љ.Џ., чии повреди се констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. мд/мч/
Фото: МИА архива