• вторник, 05 ноември 2024

Пецаков: Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка

Пецаков: Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка
Охрид, 17 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков реагира на одлуката на Националната пливачка федерација годинава да не се одржи Охридскиот пливачки маратон. - Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша Пецаков на фејсбук. Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. - Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје, што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи, кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер, стои во објавата на Пецаков. Реакцијата доаѓа по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план. Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство. сс/дма/

Остани поврзан