• понеделник, 23 декември 2024

Пецаков: Во заштитата на градските јадра мора да се вклучат сите

Пецаков: Во заштитата на градските јадра мора да се вклучат сите
Охрид, 9 мај 2022 (МИА) – Заштитата и одржливоста на градските јадра не смее да се сведе на обврска само на надлежните градски институции. Во неа мора дел да бидат и државните институции, но и секој поединец, чинител на живеењето во еден град, заклучи градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. На отворањето на семинарот „Заштита на урбаните јадра“ што го организира „Sites & Cites“ од Франција, денеска во Охрид, тој посочи дека клучна обврска на менаџментот на еден град, од една страна треба да биде заштитата на културно – историските знаменитости и животната средина, а од друга страна подеднакво важно е и градењето и развивањето на градот со цел креирање иднина за младите. - Заштитата на урбаните јадра е клучна обврска, но тоа не треба да подразбира ставање крај на развојот на градот. Сето ова треба да биде една симбиоза за да се создаде одржлива иднина за градот и идните генерации, рече Пецаков. Во многу случаи, нагласи, институциите се немоќни да го превенираат и заштитат градското јадро, онолку пати колку што локалното население може да го уништи. Според него, од големо значење е одржувањето на такви настани, каде може да се разменат искуства и идеи, кои успешно се спровеле во други градови и на тој налин да се унапреди заштитата и одржливоста на градските јадра. На семинарот учествуваат заменик градоначалникот на Елбеуф од Франција, претставници на Француската и Албанската амбасада, Министерствата за култура од Македонија и Албанија и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Свои презентации имаа општините Кавадарци, Куманово, Велес, Битола, Берово, Кавадарци, Кратово, Куманово, Охрид, Штип, Берат и Елбасан.сс/фф/

Остани поврзан