• понеделник, 23 декември 2024

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо

Палермо, 6 мај 2024 (МИА) - Пет работници го загубија животот додека работеле на поправка на канализациски систем во близина на италијанскиот град Палермо. Еден работник е тешко повреден и е пренесен во болница. 

Како што јави италијанската агенција Анса, несреќата се случила во градот Кастелдачија додека работниците, вработени во компанијата „Амап“ која управува со градскиот водовод и канализација во Палермо, работеле на поправка на канализациски систем.

Ова е уште една во низата несреќи со смртен исход на работното место во Италија.  Агенцијата за осигурување од несреќи на работното место ИНАИЛ минатата недела објави дека речиси 200 работници ги загубиле животите во несреќи оваа година, што е за 2,6 отсто помалку од минатата година. рп/

Фото: АНСА

Остани поврзан