• недела, 22 декември 2024

Пет лица заробени во пештерата Крижна Јама во Словенија поради висок водостој

Пет лица заробени во пештерата Крижна Јама во Словенија поради висок водостој

Љубљана, 7 јануари 2024 (МИА) - Пет лица се заробени во пештерата Крижна Јама во југозападна Словенија и не можат да излезат поради висок водостој предизвикан од обилните врнежи, соопштија денеска локалните власти.
Меѓу нив е и тричлено семејство и двајца водичи кои се таму од саботата, кога нивото на водата во пештерата се подигна, блокирајќи го излезот.

Словенечките спасувачки екипи соопштија дека нуркачи стигнале до групата и ја префрлиле на безбедно место предвидено за такви ситуации,  каде ќе треба да чекаат да се намали нивото на водата.

Во акцијата за спасување во моментов се вклучени 35 спасувачи и осум нуркачи од цела Словенија, потпомогнати од 11 пожарникари и припадници на силите за цивилна заштита, соопштија властите. зш/
фото СТА

Остани поврзан