• недела, 22 декември 2024

Пет лица загинаа во силното невреме на Корзика

Пет лица загинаа во силното невреме на Корзика
Париз, 18 август 2022 (МИА) - Во силните бури што го зафатија францускиот остров Корзика загинаа петмина, а повредени се најмалку 12 лица, јави дописникот на МИА. Попладнево на лице место се очекува да пристигне и францускиот министер за внатрешни работи Жерлад Дарманан. Премиерката Елизаебт Борн преку Твитер испрати порака до настраданите од лошото време на Корзика како и до спасувачките екипи. Метеоролошката служба соопшти дека за време на силната бура што ја зафати Корзика, ветерот понекогаш дуваше и со брзина  и до 225 километри на час. тг/ми/

Остани поврзан