• петок, 03 јануари 2025

Пет години по пандемијата СЗО се уште чека податоци од Кина за Ковид-19

Пет години по пандемијата СЗО се уште чека податоци од Кина за Ковид-19

Женева, 31 декември 2024 (МИА) - Пет години откако беа регистрирани првите случаи на ново белодробно заболување во кинескиот град Вухан, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се уште очекува целосна соработка од Пекинг за да се разјасни потеклото на пандемијата Ковид-19, јави ДПА.

„Ова е морален и научен императив. Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на Ковид-19. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може да спречи и соодветно да се подготви за идни епидемии и пандемии, предупреди СЗО.

Во 2021 година, заедничка комисија од кинески и експерти на СЗО го посети Вухан. Во својот последен извештај, комисијата ја смета „веројатна до многу веројатна“ теоријата дека коронавирусот потекнува од диви животински видови, а потоа се проширил на друг животински вид пред да се појави кај луѓето.

Сепак, потеклото и рутата на пренос не можат јасно да се дефинираат. паг/

Фото: ЕПА




 



Остани поврзан