• вторник, 14 мај 2024

Петто издание на манифестацијата „Денови на албанската азбука“

Петто издание на манифестацијата „Денови на албанската азбука“

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Државниот ансамбл на албански народни песни и ора во Република Северна Македонија, од денеска до 22 ноември ќе се одржува петтото издание на Културно-научната манифестација „Денови на албанската азбука“. Воедно ќе биде одбележана и 115-годишнината од Конгресот во Битола.
 
Годинашната манифестација, како што информираат од  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на едно место ќе собере претставниците од академиите за науки и уметности на Северна Македонија, Албанија и Косово, кои ќе презентираат факти, публикации и изложби од големо значење во областа на албанологијата. дма/вј/

Фото:МИА архива
 

Остани поврзан