• четврток, 26 декември 2024

Петр Чех ја продолжи хокеарската кариера во шампионски тим

Петр Чех ја продолжи хокеарската кариера во шампионски тим

Белфаст, 15 ноември 2023 (МИА) – Поранешниот фудбалски голман на чешката репрезентација и на Челзи и Арсенал, 41-годишниот Петр Чех, му се приклучи на британскиот хокеарски првак Белфаст како позајмен голман од Оксфорд сити.

Чех, кој запиша повеќе од 600 настапи за лондонските премиерлигаши Челзи и Арсенал, ја прекина својата фудбалска кариера на крајот на сезоната 2018/19, а потоа се префрли во хокеј на мраз, настапувајќи за британскиот четвртолигаш Гилфорд Феникс.

Во јуни годинава потпиша договор со третолигашот Оксфорд од каде како позајмен голман се пресели во редовите на седумкратниот британски шампион во хокеј на мраз и актуелен бранител на титулата.

„Петр е наградуван спортист, кој знае што е потребно за настап на највисоко ниво, така што неговата поддршка за време на периодот на кој е позајмен ќе биде непроценливо“, изјави главниот тренер на Белфаст, Адам Кифи. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан