• вторник, 16 јули 2024

Петрушев: Во НБА се соочив со одредени работи кои не ги очекував

Петрушев: Во НБА се соочив со одредени работи кои не ги очекував

Атина, 28 ноември 2023 (МИА) - Кошаркарот Филип Петрушев објасни зошто решил да ја напушти НБА на самиот почеток на својата дебитантска сезона во најсилната лига на светот.

Петрушев потпиша 3-годишен договор со Олимпијакос откако не го доби очекуваниот статус во Сакраменто.

- Решив дека во Европа ќе си најдам во поповолна ситуација за себе. Во НБА морав да се справам со одредени работи кои не ги очекував, а тоа не беше грешка од моја страна, не беше моја вина. Како млад кошаркар ми треба време за игра, треба да играм. Верувам дека можам да имам корист од мојот нов тим, изјави Петрушев.

Претходно кошаркарот играше за Црвена ѕвезда, Анадолу Ефес и Мега. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан