Петрушевски: Работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец
- Работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец, порача денеска на прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, споделувајќи информации од, како што рече незадоволни членови на ССМ, според кои „Трендафилов и луѓето околу него имаат месечни примрања двојно и тројно поголеми од една минимална плата“.

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец, порача денеска на прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, споделувајќи информации од, како што рече незадоволни членови на ССМ, според кои „Трендафилов и луѓето околу него имаат месечни примрања двојно и тројно поголеми од една минимална плата“.
- Почнуваме со демаскирање на Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и неговите соработници, со информации што до нас ги доставија членови на ССМ кои се незадоволни од неговиот апашлук. Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над двојно и тројно поголеми од една минимална плата. Дали синдикалецот на батерии на СДС и Левица, Трендафилов, со 75 илјади денари месечно во џеб ги манипулира работниците за минималец?, изјави пратеникот на прес-конференција денеска во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Според информации што стигнале до нив, како што посочува Петрушевски, „само во текот на 2024 година и првите два месеца од 2025 година, Трендафилов покрај платата од 75.000 денари, имал и примања по други основи, со што вкупната сума што ја земал во овој период е еден милион и 688 илјади денари по основ на плата и договори“.
- Ова е првиот синдикалец Трендафилов, кој според овие информации за четири години прави 100.000 евра, со амин на СДС кои го поставија на таа позиција за да ги манипулира работниците. И следен пат кога ќе се обиде да ги манипулира работниците, треба да знае дека е демаскиран, лично од нив. Во следните денови ќе бидат демаскирани сите негови соработници, рече Петрушевски. бд/аа/
Фото и видео: ВМРО-ДПМНЕ