• вторник, 26 ноември 2024

Петровска – Џоана: Сојузниците во НАТО се обединети и јасни во целта – безбедност на територијата на НАТО и осуда на руската агресија врз Украина

Петровска – Џоана: Сојузниците во НАТО се обединети и јасни во целта – безбедност на територијата на НАТО и осуда на руската агресија врз Украина

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Земјите – членки се обединети и посветени на безбедноста на Алијансата како никогаш досега и дека тоа е јасно видливо преку чекорите кои ги презема НАТО во зацврстување на процесите за трансформација, заклучија денеска во седиштето на НАТО во Брисел министерката за одбрана Славјанка Петровска и Мирчеа Џоана, заменик-генералниот секретар на Алијансата.

Во контекст на трансформација на македонската одбрана, министерката Петровска подвлече дека земјава од самиот почеток јасно и недвосмислено се насочи кон исполнување на доделените цели за способности преку соодветно одделување на финансиските средства. Напомена дека оваа година Министерството за одбрана одвојува повеќе од 30 отсто за модернизација што ја искажува и политичката волја за исполнување на нашите обврски.

Заменикот генерален секретар на НАТО, Џоана порача дека ставот на Северна Македонија е ист како и ставот на сите сојузници и изрази благодарност за улогата на земјата во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО.

Во седиштето на НАТО, министерката се сретна и со претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, адмиралот Роберт Бауер со кого разговараше за придонесот на земјава во мултинационалните сили во рамките на Зајакнатото истурено присуство во источното крило на НАТО. Дополнително се запозна и со процесите на воената трансформација на Северноатланската алијанса.вј/лв/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан