• сабота, 06 декември 2025

Петровска – Лајчак: Дијалогот е стратешка инвестиција за земјите од Западен Балкан

Петровска – Лајчак: Дијалогот е стратешка инвестиција за земјите од Западен Балкан
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Европската перспектива на сите земји од Западен Балкан е стратешка инвестиција во стабилноста и безбедноста на регионот, но и на Европскиот континент, се согласија денеска на средбата на маргините на економскиот форум Делфи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. - Северна Македонија со спроведените реформи го заслужи почетокот на преговорите со Европската Унија, а моменталниот геополитички контекст не остава простор за одлагање на евроинтегративниот процес кој има сериозна безбедносна димензија, изјави министерката Петровска на средбата со Лајчак, стои во денешнотно соопштение од МО. Петровска и Лајчак констатирале дека дијалогот е најдобрата  стратешка инвестиција за земјите од Западен Балкан, а регионалната соработка клучна во процесот на европската интеграција на овие земји. - Во услови кога светот се справува и помага за намалување на последиците од војната во Украина, Северна Македонија се приклучи на напорите водени од ЕУ за организирање на хуманитарна помош и е подготвена да прифати бегалци од Украина, истакнала министерката Петровска. На средбата, се наведува во соопштението, било подвлечено дека составен дел од безбедноста на Европа е безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, што, пак, во голема мерка зависи од европските перспективи за регионот. Одлагањето на евроинтегративниот процес, се посочува, отвора можност за пробив на влијанието на трети земји, а ефективниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе испрати јасна порака против тие влијанија. цр/са/

Остани поврзан