• петок, 22 ноември 2024

Петровска: Просторот околу Скопско кале да добие соодветен третман

Петровска: Просторот околу Скопско кале да добие соодветен третман

Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Ана Петровска, поддржана од НВО „Зелен хуман град“, денеска на Скопско кале изјави дека има обиди за нелегално градење, „напаѓање на одредени објекти и инвеститори“, кои, како што рече, сакаат ова подрачје, кое е заштитено со закон, да го уништат на некој начин.

- По ГУП-от целиот рид на Калето е предвиден со зеленило, како што сакаме и ние да остане покрај реката Вардар. Да биде континуирано зеленило. Нема изработено валоризација на овој простор од надлежните органи за заштита на културното наследство, што е причина зошто досега не е донесен ниту еден ДУП, рече Петровска на ридот на Калето, додавјќи дека ова зеленило и „наше културно наследство е оставено на милост и немилост“. Петровска тврди дека во близина на Скопско кале има пример за нелегално градење. - Тоа е еден хотел, а инвеститорот нашол начин во нашите правни лавиринти, на државно земјиште да легализира претходни куќи кои тука биле изградени и претходно без да има таква намена со никаков ДУП да работи угостителство. Тука има обиди да се гради нелегално за скапи резиденцијални објекти, појасни Петровска, додавајќи дека е крајно време овој простор да добие соодветен третман.  Таа информира дека Град Скопје дал финансии во 2019 година, преку проект, да се направи конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за овој простор, каде главната намена треба да остане зеленило, археологија и култура, како што е сега, но и да се создадат монтажни павилјони, кои ќе внесуваат нови компатибилни содржини со што просторот ќе биде уште поатрактивен за скопјани. Петровска тврди дека конкурсот не е реализиран, иако има наградени изведувачи.

Членката во Советот на Виена од Австриската зелена партија Хајди Секвенц изјави дека треба да се анализира како ова се случило и да се превенира да не се случи повторно, не само во Скопје. 

Одговрајќи на новинарско прашање, Петровска рече дека како „Зелен хуман град“ се залагаат за социјална заштита на лицата кои користат психоактивни супстанци.

- Ние нив не ги сметаме како дел  од девијантните појави, напротив ние сметаме дека на овие луѓе им треба помош, превенција, нивна интеграција и ресоцијализација, рече Петровска. мд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан