• петок, 05 декември 2025

Петровска: Предлог Резолуцијата за црвените линии е подадена рака за иднината на државата

Петровска: Предлог Резолуцијата за црвените линии е подадена рака за иднината на државата

Скопје, 26 септември 2025

Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека Резолуцијата на СДСМ и претседателот Филипче за црвените линии е подадена рака за заедништво и заеднички исчекор за иднината на државата, информира СДСМ во соопштение до медиумите, што МИА го пренесува интегрално.

-СДСМ од позиција на опозиција смета дека треба да подаде рака, бидејќи има чувство за државата и за граѓаните, кои секојдневно бегаат од државата. За македонскиот идентитет никогаш не се преговара, ниту за македонскиот јазик и секогаш тие мора да бидат заштитени. Ова треба да го сметаат како подадена рака која очигледно ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува, но должни сме да го направиме тој исчекор, пред се, заради државата, порача Петровска.

Како власт која до пред изборите минатата година и за време на изборите во 2024 ветуваше репреговарање на преговарачката рамка и дека ќе предложи и ќе издејствува подобри позиции за нашата држава, денеска се соочуваме со суровата реалност дека по 15 месеци од нивното владеење Македонија не е помрдната од мртва точка во поглед на евроинтеграциите, истакна Петровска.

Таа додаде дека доволен одговор за тоа дека власта не е заинтересирана за евроинтеграциите е фактот што опозицијата е таа што треба да бутка, да инспирира и мотивира нови резолуции. Петровска повика сите партии внимателно да ја разгледаат и да дадат свои забелешки.

-Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ полека но сигурно ги троши џокерите кај граѓаните. Препораката или замолницата од Венко Филипче е да не се злоупотребува во изборната кампања.  Ова нека биде период во кој сите политички партии и општествени чинители ќе ја разгледуваат предлог резолуцијата и ќе дадат свои забелешки. Финалниот производ, кој не треба да биде ничиј белег, бидејќи европската интеграција не е процес контролиран само од една политичка гарнитура, ќе придонесе сите заедно понатаму да го продолжиме патот на европската интеграција, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Остани поврзан