• недела, 22 декември 2024

Петровска: За европско Тетово, ООУ „А.С. Ќиќиш“- првпат од своето постоење доби модерна спортска сала

Петровска: За европско Тетово, ООУ „А.С. Ќиќиш“-  првпат од своето постоење доби модерна спортска сала
Тетово, 11 август 2022 (МИА) - Кандидатката за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Тетово“ Наташа Петровска во изјава за медиумите порача дека СДСМ ја реализираше долго посакакуваната цел, едно од од најстарите училишта во Тетово „Андреја Савевски-Ќиќиш“ да добие спортска сала. -Горди сме што учениците во новата учебна година ќе можат да учат во соввремени услови и да ги одржуваат часовите по физичко и здравствен образование, како и голем број воннаставни активности. Салата е изградена во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 спортски училишни сали“ . Проектот со вредност од над 4 милијарди денари е финансиран од буџетот Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа. Со изградбата на спортската сала, СДСМ придонесе да се унапреди училишнниот спорт, како битен сегмент за здравјето и здравите навики на учениците.  Со СДСМ Тетово ќе се развива како современа европска општина, изјави Петровска. Таа истакна дека со СДСМ Тетово ќе се развива како модерна, европска општина и затоа е потребно граѓаните на 20 август да излезат на избори и дадат поддршка на советничката листа на СДСМ и коалицијата.ас/лв/

Остани поврзан