• петок, 22 ноември 2024

Петровска: Заедно со сојузниците остануваме солидарни со Украина 

Петровска: Заедно со сојузниците остануваме солидарни со Украина 

Скопје, 19 септември 2023 (МИА) - Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска учествуваше на состанокот на Контакт-групата за Украина кој под водство на секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин се одржа во Рамштајн, Германија.

На состанокот на кој учествуваа над 35 министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, министерката Петровска порача дека Северна Македонија е одлучна во својата поддршка за Украина и украинските граѓани кои се борат за својата сувереност и независност.

-Северна Македонија е солидарна со Украина и нејзините граѓани. Министерството за одбрана продолжува да ја дава својата поддршка во согласност со одлуките на Владата и барањата од украинската страна. Во финална фаза се подготовките за реализацијата на обуката за украинските вооружени сили и сакам да нагласам дека разгледуваме дополнителни можности за обука во нашата земја во блиска иднина. Убедени сме дека нема алтернатива за континуираната поддршка за Украина, рече Петровска, и додаде дека почитувањето на принципите на меѓународниот правен поредок е императив, особено кога Европа е соочена со безбедносни закани. Само преку заеднички напори и одлучност за почитување на овие принципи можеме да имаме долготраен мир и стабилност, заклучи министерката.

Состанокот на украинската Контакт-група го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров и државната секретарка во германското министерство за одбрана, Зимтје Молер.

Контакт-групата ја сочинуваат над 50 земји кои под водство на Соединетите Американски Држави ги координираат своите напори за помош и поддршка на Украина. мч/дма/

фото: МО

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан