• недела, 22 декември 2024

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме 

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме 

Скопје, 21 септември 2024 

ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача  пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во  емисијата „Само вистина“ на Канал 5.


-Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања,  да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се  до заминувањето. Одеднаш ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што 7 години зборуваше и лажеше дека сме ги продавале националните интереси, вели дека СДСМ кревала галама затоа што немало државното знаме. Државното знаме е симбол. Должност на претседателот на државата е да ги штити симболите и интересите на државата. Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата. За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска.  


Петровска порача дека ВМРО ДПМНЕ треба да се разбуди од сонот дека е се уште опозиција, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, а не за се и сешто да ја обвинува СДСМ.


-СДСМ е виновен за знамето што го немало во Софија? Зарем СДСМ е виновен и затоа што Мицкоски отиде неспремен  во Брисел? Секако не, потенцираше Петровска. 


Петровска посочи дека благодарение на Владата на СДСМ, Северна Македонија сега е земја членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ.
-Тоа што СДСМ 7 години правела во делот на меѓународна политика е јасно. Седум години СДСМ  ја враќаше државата на маса со земјите членки и на НАТО и на Европската унија со таа меѓународна политика. Благодарение на меѓународната политика на владите на СДСМ, денеска сме земја членка на НАТО и започнати преговри со ЕУ, за кои патем Владата на ВМРО ДПМНЕ назначи главен преговарач, рече пратеничката Славјанка Петровска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото:  СДСМ 


 

 

Остани поврзан