• недела, 24 ноември 2024

Петрова: Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување

Петрова: Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за финансии во техничката Влада Елена Петрова ја обинува Владата дека ги прекршила принципите на одговорно фискално управување.

-Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување. Прекрешен е принципот на одржливост - Буџетскиот дефицит и јавниот долг сега се прекумерно оптоварување на економијата и не го поддржуваат економскиот раст на долг рок, наведува Петрова во  објава на Фејсбук што ја споделува и во соопштение до медиумите.

Петрова дополнува дека е прекршен и принципот на меѓугенерациска одговорност.

-Ваквото фискално управување влијае негативно на благосостојбата на сегашните и идните генерации, пишува Петрова. лв/дма/

фото:МИА архива и принтскрин

Остани поврзан