• петок, 22 ноември 2024

Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, еден е се уште активен

Петнаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, еден е се уште активен

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во денешното соопштение, од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер.

- Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште како активен. Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“ на ден 20.06.2024 година има интервенирано екипа со пет вработени и месно население од село Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17.00 часот. Денеска е планинарано да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР, се наведува во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион. БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен (Општина Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со  едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот,  со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот  со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (Општина Сарај).

РЦУК Битола информира дека ТППЕ Битола дека од 12.55 до 14.15 часот,  со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Гермијан.

РЦУК Струмица известува за три пожари: пожарот на запалена ниска вегетација и прнар кај с.Марвинци (Општина Валандово) што од 19.06.2024 година беше локализиран и немаше активно горење, вчера екипи од ЈП МШП „Саланџак“ – Валандово, ДЗС, ТППЕ Валандово го локализираа и го контролираа за да не дојде до повторно активирање, по што е целосно ликвидиран. ТППЕ Струмица, од 11.56 до 13.25 часот, со две теренски возила и со двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во Добрашинци (Општина Василево) и од 14.20 до 17.15 часот, со две теренски возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и депонија во с.Штука.

РЦУК Штип известува за два пожара: ТППЕ Штип од 14.00 до 16.30 часот, интервенирале на запалена земјоделска површина (житни култури и еден комбајн) на површина од 40 хектари во атар на с.Батање (Општина Карбинци).ТППЕ Кочани имале една помала интервенција заради запалена градска депонија.

РЦУК Куманово известува за три пожари: ТППЕ Куманово од 20.05 до 20.50 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалени прагови од пруги во Железничка станица; од 17.55 до 18.55 часот, со  едно противпожарно возило и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Стари Лојза“. Исто така, во изминатото деноноиќие имале уше една помала интервенција.

РЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 17.10 до 18.00 часот, со  едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Требош.

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2 072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43 отсто, а 35,57 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 64,65 отсто, кон итната медицинска помош 24,14 отсто, a кон пожарникарите 6,32 отсто, од реалните повици кон 112 во ЦУК. 

Од ЦУК апелираат сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. дма/

Фото:МИА архива

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан