• понеделник, 23 декември 2024

Петмина Шпанци на листата на номинирани за титулата најдобар тренер во 2024 година

Петмина Шпанци на листата на номинирани за титулата најдобар тренер во 2024 година

Мадрид, 14 ноември 2024 (МИА) – Од деветмина номинирани за категоријата најдобар тренер за 2024 година во изборот на „Глоуб Сокер награди“ се наоѓаат пет шпански фудбалски стручњаци.

Станува збор за Чаби Алонсо (Леверкузен), Микел Артета (Арсенал), Луис Енрике (ПСЖ), Луис де ла Фуенте (репрезентација на Шпанија) и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити).

Покрај нив во конкуренција се и: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Џан Пјеро Гасперини (Аталанта), Симоне Инзаги (Интер) и Лионел Скалони (репрезентација на Аргентина).

На веб-страницата на „Globe Soccer Awards“ започна отвореното гласање меѓу навивачите, кое ќе ги одреди финалистите. 

Доделувањето на наградата ќе се одржи на 27 декември 2024 година во Дубаи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан