• петок, 19 јули 2024

Петмина уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти

Петмина уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти

Белград, 9 јуни 2023 (МИА) - Пет лица се уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти.

Полицијата уапсила едно лице во Србија, а четворица на територијата на Германија и Романија поради сомнение дека криумчареле околу 800 мигранти од Турција во Германија, соопшти МВР на Србија.

„Пријавените во текот на минатата и оваа година најчесто криумчареле мигранти користејќи различни транспортни средства и ги криеле во товарниот дел на камионот во нехумани услови“, се наведува во соопштението.

Во заедничката акција, која беше спроведена во координација со Европравда, Европол и австриската, германската и романската полиција, учествуваа и припадници на Службата на МВР Србија за борба против организираниот криминал. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан