• четврток, 27 јуни 2024

Петмина Палестинци убиени во израелски напад врз бегалски камп во градот Тулкерем, на Западниот брег

Петмина Палестинци убиени во израелски напад врз бегалски камп во градот Тулкерем, на Западниот брег

Рамала, 17 декември 2023 (МИА) - Петмина Палестинци се убиени во ноќешните рации на израелската армија во бегалскиот камп Нур Шемс, во градот Тулкарем, на окупираниот Западен брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Министерството додаде дека бројот на загинати се зголемил на пет, откако рано утринава беше објавено дека двајца мажи на возраст од 19 и 21 година починале во болница како последица на повредите здобиени во рациите.

Воената операција на Израел почна синоќа во градот Тулкарем и неговиот бегалски камп Нур Шамс, на северозападниот брег, се наведува во соопштението на градот.

Израелската армија соопшти дека спровела воздушни операции „врз неколку вооружени терористички групи кои пукале, гаѓале со експлозиви и војниците ги довеле во опасност“.

За време на операцијата „најмалку четворица терористи се убиени, а други се ранети“, соопшти израелската војска, додавајќи дека четири лица се приведени и нивното оружје е запленето. сд/

фото:МО на Израел

Остани поврзан