• вторник, 05 ноември 2024

Петков: Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно

Петков: Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно
Софија, 2 јануари 2021 (МИА) -  Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е функција на работата што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за Нова Телевизија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков изразил надеж дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни. -Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно, потенцира Петков. На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјасни против филмот и освен што не го одобрува, туку и силно го критикува. -Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја, наведува Петков.нк/лв/

Остани поврзан