• сабота, 21 декември 2024

Петковиќ на средби во Брисел за состојбата на Косово

Петковиќ на средби во Брисел за состојбата на Косово

Белград, 9 октомври 2023 (МИА) - Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија и белградски преговарач во дијалогот со Приштина, Петар Петковиќ, денеска во Брисел одржа работна средба на амбасадори, претставници на земјите-членки на ЕУ, како и претставници на Европската комисија и Европската служба за надворешни работи.

Петковиќ детално ги информираше за актуелната политичко-безбедносна состојба на Косово со посебен осврт на текот на дијалогот и последните трагични настани во Бањска.

„Во текот на двоиполчасовната презентација и отворената дискусија, Петковиќ на присутните дипломати им пренесе дека Белград, на чело со претседателот Александар Вучиќ, прави се за да ги зачува мирот и стабилноста и дека Србија на ниту еден начин не сакала или учествувала во неодамнешните трагични настани во Бањска“, се нагласува во соопштение. паг/

Фото: БЕТА

Остани поврзан