• понеделник, 23 декември 2024

Петар Богојески поднесе кривична пријава за повеќе дела против политичари Албанци

Петар Богојески поднесе кривична пријава за повеќе дела против политичари Албанци

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Претседателот на политичката партија Македонски концепт Петар Богојески денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за, како што кажа, повеќе инкриминирачки дела против политичари Албанци.

Богојески соопшти дека до Обвинителство и МВР се поднесени докази медиумски изјави од политичари кои припаѓаат на албанската етничка заедница и од социјалните мрежи каде што, како што рече, целосно се омаловажува Македонија, се оспорува постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик  и македонската држава. Богојески не спомена имиња на политичари против кои поднеле кривична пријава оти ОЈО процесуираат и за да не испадне, како што рече, дека тие некого осудуваат пред воопшто да се направи судска постапка.

-Кривичната пријава е за повеќе инкриминирачки дела – противправно користење на албански јазик и знам, навреда и омаловажување на македонскиот народ и Македонија, прикривање на воени злосторства врз човештвото, создавање на атмосфера линч лицето Петар Богојески-Македонски концепт политичка партија, ширење на етничка и верска омраза, злоупотреба на ОЈО и прикривање на такви дела, промоција на историски ревизионизам, промоција на неонацизам. Го креваме гласот во име на сите обесправени Македонци и сите чесни македонски граѓани против насилството кое врз нас го вршат албанските шовинисти без разлика на која партија и припаѓаат. Македонски концепт е партија на народот и ги застапува народните интереси. Ние сме жртви и не може веќе да плаќаме за издигање на силата на други нации и држави. Сите етнички малцинства се малтретирани во средините каде живее албанско етничко мнозинство, рече тој. 

Богојески тврди дека противправно и спротивно на насоките на Европската унија и Венецијанската комисија се користи албанскиот јазик спротивно на Устав и спротивно на Устав се користи знамето на Албанија.

- Тука секојдневно македонски државјани а албански шовинисти се користат со навреди и омаловажувања а Македонија и македонскиот народ што е казниво со закон по Кривичен законик, а никој не постапува по истиот тој закон Тука албански шовинисти не плаќаат данок, а користат државна плата, субвенции, социјална помош. Тука се прикриваат воени злосторства против човештвото направени токму на територијата на Република Македонија. Спроведена е нелегална амнестија за тие дела и не се почитуваат барањата на Совет на Европа за постапување пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, рече Богојески.

Според него, само вчера до МВР се поднесени преку 15 пријави за закани по живот и навреди кон Македонија и македонскиот народ. Побара итно распуштање на судски и обвинителски совет, бидејќи, како што рече, тие се клучните виновници за ова што се случува во земјава.

За поднесената денешна кривична пријава од страна на Коалицијата „Вреди“, Богојески не сакаше да ја коментира бидејќи, како што рече, не знае од кого доаѓа.

На новинарско прашање дали смета дека ова политички ќе се одрази бидејќи се коалициски партнери, Богојески истакна дека врз неговата партија има негативни последици.

-На нас не ни се коалициски партнери, ние сме дел од Коалицијата „Твоја Македонија“. Непосредно ни се владини партнери. Поведението на „Влен“ барем врз нашата партија има негативни последици. Има жестоки реакции од наши членови, симпатизери и поддржувачи и од пошироката јавност бидејќи луѓето сметат дека нивното однесување не е ништо поразлично од она на ДУИ и тоа не загрижува, рече тој.

Во врска со приватното патување на претседателот на Собранието Африм Гаши во Косово, Богојески нагласи дека поголем проблем е и загрижува информацијата од МВР дека „биле шверцувани лица со службени возила кои не биле пријавени на граничен премин“. Очекува МВР да поднесе кривични пријави за вработените на граничниот премин, за надлежниот во МВР, за шефовите кои се задолжени за обезбедувањето на Гаши. фф/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан