• понеделник, 23 декември 2024

Песков: Путин е подготвен да разговара со Зеленски за соработка на Крим

Песков: Путин е подготвен да разговара со Зеленски за соработка на Крим
Москва, 23 мај 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за Крим на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, доколку станува збор за прекугранична соработка, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека претстои уште многу работа за организирање на средба помеѓу претседателите на Русија и на Украина. - Ако се разговара за Крим во смисла на развој на прекугранична соработка, знаете, Русија има прекугранична соработка со региони на странски земји, ако е поврзано со тоа, тогаш сигурен сум дека Путин ќе биде подготвен. Но, ако се разговара за нешто друго, освен фактот дека Крим е регион на Руската Федерација, тогаш никој никогаш нема да разговара за тоа со никого, истакна Песков за телевизијата Русија 1. Претходно, Зеленски преку видео порака му предложи на Путин „да се сретнат каде било во украинскиот Донбас, каде се води војна“, а Путин одговори дека украинското раководство најпрво треба да се состане со раководството на Доњецка и на Луганска република, а потоа со претставниците на Русија. Путин наведе дека е подготвен да го прими Зеленски во Москва во кое било време, доколку тој сака да разговара за билатералните односи. Киев го одби предлогот. ми/

Остани поврзан