• недела, 22 декември 2024

Песков одби да го коментира можното посредување на Меркел

Песков одби да го коментира можното посредување на Меркел
Москва, 20 јуни 2022 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да го коментира потенцијалното ангажирање на поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, како посредничка меѓу Русија и Украина. - Не можам да одговорам на прашањето дали госпоѓа Меркел може да игра таква улога во иднина. Таа ги напушти сите функции и слушнавме дека изјави оти нема да се враќа во политиката. Ќе видиме, изјави Песков на прес-конференција, јави Тасс. Неговата оценка е дека стилот на преговори, избран од Киев, не ѝ донесе ништо добро на Украина. - Ние сме запознати со овој стил на преговори што на Украина не ѝ донесе ништо добро, смета Песков, коментирајќи ја изјавата на украинската страна за подготвеноста во август да се врати на преговарачка маса. бд/сд/

Остани поврзан