• петок, 05 декември 2025

Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина

Песков: Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина

Москва, 3 декември 2025 (МИА) - Новогодишното примирје на украинското бојно поле во моментов не е предмет на разгледување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште нема дискусии за тоа, во тек е сосема друг процес“, рече Песков како одговор на новинарско прашање дали имало какви било разговори за тоа, пренесоа руските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија се залага исклучиво за долгорочно решение на украинскиот конфликт без никакви привремени прекини на огнот, истакнувајќи дека постигнувањето на такво решение е можно само по елиминирање на основните причини за конфликтот, пренесоа руските медиуми.сд/јт/

фото:МИА архива

Остани поврзан