• сабота, 16 ноември 2024

Песков: Нема нови информации за договорот за понатамошната судбина на Вагнер

Песков: Нема нови информации за договорот за понатамошната судбина на Вагнер

Москва, 11 јули 2023 (МИА) - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека нема нови информации за договорот за понатамошната судбина на руската паравоена формација Вагнер.

Се уште не се знае што ќе биде со сопственикот и основач на таа група, Евгениј Пригожин.

-Нема нови елементи што можам да ги споделам со вас на таа тема, рече Пеков, одговарајќи на новинарско прашање дали договорот според кој Пригожин треба да замине во Белорусија е се уште во сила, пренесуваат руските медиуми.

Тој претходно истакна дека рускиот претседател Владимир Путин одржал средба со Пригожин и другите команданти на Вагнер, која траела речиси три часа и на која им понудил можности за вработување и употреба во борбите.

Кремљ претходно вети дека нема да ги гони членовите на Вагнеровата група кои учествуваа во краткотрајното востание на Вагнер на 23 јуни, земајќи ги предвид нивните „борбени заслуги“ и дека кривичните случаи против Пригожин се отфрлени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан