Перу прогласи вонредна состојба во Лима поради пораст на насилството
- Претседателот на Перу, Хосе Хери, прогласи вонредна состојба во Лима во траење од 30 дена, во обид да се запре бранот на насилство што ја зафати земјата и придонесува за социјални немири, соопшти денеска владата во Лима.
Лима, 22 октомври 2025 (МИА) – Претседателот на Перу, Хосе Хери, прогласи вонредна состојба во Лима во траење од 30 дена, во обид да се запре бранот на насилство што ја зафати земјата и придонесува за социјални немири, соопшти денеска владата во Лима.
Во телевизиско обраќање, Хери најави дека вонредната состојба ќе вклучува можно распоредување на војската за поддршка на полицијата, како и ограничување на одредени уставни права, вклучувајќи ја слободата на собирање и движење.
- Војните се добиваат со дела, а не со зборови, порача Хери, додавајќи дека владата преминува „од одбрана во офанзива“ во борбата против организираниот криминал. јт/
Фото: ЕПА