• петок, 22 ноември 2024

Перо Костадинов: Секоја мерка и политика на СДСМ е насочена кон интересите на граѓаните

Перо Костадинов: Секоја мерка и политика на СДСМ е насочена кон интересите на граѓаните
Скопје, 25 јуни 2022 СДСМ и на централно и на локално ниво е посветена на реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните истакна потпретседателот Перо Костадинов во своето обраќање на обуката за комуникации, јавно говорење и соработка со граѓаните на локално ниво. - Нема поголема привилегија и обврска од тоа да работите за вашите сограѓани, кои директно преку гласање ви ја дале поддршката. Советниците се првиот контакт на граѓаните за нивните проблеми и потреби на локално ниво и затоа важно е да бидете достапни, да помагате секому и секогаш кога сте во можност согласно вашите ингеренции. За СДСМ врвен приоритет се граѓаните и нивните интереси и потреби, затоа секоја мерка и политика што ја креираме и реализирамекако на локално, така и на централно ниво е во насока на подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, порача Костадинов. Потпретседателот Костадинов посочи дека првите седум месеци од мандатот се доволни за граѓаните да ја увидат разликата од неработењето и безидејноста на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и посветената работа на локалната и централна власт предводена од СДСМ. На обуката за комуникации, јавно говорење и соработка со граѓаните на локално ниво се одржува во рамки на Проектот за поддршка на изборните реформи што викендов се одржува во Охрид присуствуваат советници од редовите на СДСМ од 25 општини. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан