Переира заминува од Ал Шабаб за да го преземе Вулверхемптон
- Гери О'Нил треба да го замени Витор Переира на клупата на Вулверхемптон. „Волците“ го отпуштија менаџерот по поразот од Ипсвич и веднаш стапија во контакт со Португалецот кој моментално го води Ал Шабаб од Саудиска Арабија.
Вулверхемптон, 16 декември 2024 (МИА) - Гери О'Нил треба да го замени Витор Переира на клупата на Вулверхемптон. „Волците“ го отпуштија менаџерот по поразот од Ипсвич и веднаш стапија во контакт со Португалецот кој моментално го води Ал Шабаб од Саудиска Арабија.
Со оглед на сопственичката структура на „Волците“, логично е во овој момент да се избере добар португалски стручњак, но неговото доаѓање не е така едноставно. Според пишувањата на медиумите, тој ќе мора да го раскине договорот со Ал Шабаб во следните 48 часа.
Колку ќе чини и дали ќе го чини Вулверхемптон се уште не е познато, но Переира значително ја подобри играта и формата на Ал Шабаб. Тој е петти тренер во оваа клупска сезона, на 15 натпревари има учинок од седум победи, две нерешени и шест порази и е на шестото место во саудиската ПРО лига. дс
Фото: Принтскрин