Перез победи на ГП на Сахир
- Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез, победи на вечерашната трка возена во Бахреин за Големата награда на Сахир.
Манама, 6 декември 2020 (МИА) - Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез, победи на вечерашната трка возена во Бахреин за Големата награда на Сахир.
Втор низ целта мина Естебан Окон (Рено), додека клупскиот колега на Расел, Ленс Строл се најде на третата позиција.
За Перез ова е прва победа во кариерата, за Окон, прв подиум. Тоа е исто така прва победа во историјата на тимот на Рејсинг Поинт.
Да потсетиме, трката поради позитивен тест на коронавирус ја пропушти Луис Хамилтон од Мерцедес, кој веќе ја обезбеди шампионската титула.
И покрај отсуството на Хамилтон, Мерцедес беше блиску до победа, но на дваесетина круга пред крајот, водечките во тој момент Џорџ Расел и Валтери Ботас, непотребно беа повикани во боксот за да им се променат пневматиците. Механичарите направија превид со неправилна промена, па Расел уште еднаш влезе во боксот, откако му се дупна задна гума и сите шанси за триумф на Мерцедес пропаднаа. зс/