• четврток, 19 декември 2024

Пентагон: Не можеме да потврдиме употреба на хемиско оружје во Мариупол

Пентагон: Не можеме да потврдиме употреба на хемиско оружје во Мариупол
Вашингтон, 12 април 2022 (МИА) - САД внимателно ги следат извештаите за руски хемиски напад во Мариупол но засега не можат да ги потврдат исказите низ социјалните мрежи, изјави денеска на брифинг за новинарите Џон Кирби, портпарол на Пентагон. -Не можеме да го потврдиме тоа. Гледаме со сериозност што се случува, набљудуваме и правиме сè што е во наша моќ да дознаеме ако нешто се случило, но не сме во позиција да го потврдиме, изјави Кирби. Синоќа се појавија извештаи низ социјалните мрежи дека руската армија употребила хемиско оружје во Мариупол. Некаде се говореше дека нервен гас бил измешан во солзавец, а други постови тврдеа дека хемикалии биле расфрлани со дронови. -Очигледно тие сметаат дека ова е една од можностите да се избегне криминален прогон, со тоа што може да се употреби нервен гас во средство за контрола на маси, изјави Кирби и додаде дека САД засега не можат да ги потврдат тие извештаи. кб/

Остани поврзан