Пентагон наведува дека нема жртви по иранскиот ракетен напад врз базата Ал-Удеид во Катар
- „Во овој момент нема извештаи за жртви од страна на САД“, се наведува во соопштението на Пентагон, додавајќи дека „внимателно ја следиме оваа ситуација.“
Вашингтон, 23 јуни 2025 (МИА) - Американското Министерство за одбрана потврди дека Иран денеска истрелал повеќе балистички ракети со краток и среден дострел кон воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, пренесе ДПА.
„Во овој момент нема извештаи за жртви од страна на САД“, се наведува во соопштението на Пентагон, додавајќи дека „внимателно ја следиме оваа ситуација.“
ДПА потсетува дека Катар претходно соопшти дека неговата воздушна одбрана успешно ги пресретнала иранските ракети.сд/
фото: Х