• понеделник, 23 декември 2024

Пентагон: Имаме индикации кои потврдуваат дека Путин регрутира странски борци за војната во Украина

Пентагон: Имаме индикации кои потврдуваат дека Путин регрутира странски борци за војната во Украина
Вашингтон, 8 март 2022 (МИА) – Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-Ен-Ен. - Имаме индикации дека кои ја потврдуваат приказната дека тие всушност се обидуваат да ангажираат и регрутираат странски борци. Мислиме дека Путин смета дека е неопходно затоа што неговиот напредок во северна Украина со 150.000 војници е запрен, додаде Кирби, осврнувајќи се на сторијата за регрутирање на Сиријци што ја објави Вол Стрит Џурнал. јт/

Остани поврзан