• петок, 05 декември 2025

Пентагон го испраќа носачот на авиони „ Џералд Форд“ во Латинска Америка

Пентагон го испраќа носачот на авиони „ Џералд Форд“ во Латинска Америка

Вашингтон, 24 октомври 2025 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди распоредување на носачот на авиони „Џералд Форд“ и придружните воени бродови во областа на USSOUTHCOM, објави денеска Пентагон.

„Зголеменото присуство на американските сили во зоната на одговорност на USSOUTHCOM ќе ја зајакне способноста на САД да откриваат, следат и спречуваат нелегални актери и активности што ја загрозуваат безбедноста и просперитетот на татковината и нашата безбедност на Западната хемисфера“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, во објава на социјалната мрежа X.

Британските медиуми пренесуваат дека Парнел не прецизираше кога носачот на авиони ќе биде префрлен во регионот.

Зоната на одговорност на Јужната команда ги вклучува Карибите и Јужна Америка.

Во оваа област, според Блумберг, администрацијата на Трамп распоредила повеќе од 4.000 морнари и маринци, како и најмалку три разурувачи и еден крстосувач со наведувани ракети, за да нападнат наводни бродови на нарко-картели покрај брегот на Венецуела.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан