• недела, 19 мај 2024

Пенс и честиташе на Камала Харис, прв контакт меѓу двете администрации

Пенс и честиташе на Камала Харис, прв контакт меѓу двете администрации
Вашингтон, 15 јануари 2021 (МИА) - Потпретседателот на САД Мајкл Пенс телефонираше на својата наследничка Камала Харис и и честиташе за нејзината идна позиција, рекоа две лица запознати со нивниот разговор, кои побарале да не бидат именувани, јави Си Ен Ен. Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа, додека сегашниот претседател Доналд Трамп не разговарал со избраниот претседател Џо Бајден и повеќепати ја оспори неговата победа. Едно лице упатено во разговорот што се одржал во четвртокот попладне по локално време, го опиша како „добар“ и додаде дека Пенс и ја понудил својата помош на својата наследничка. Пенс и Харис разговараат пет дена пред новата администрација да стапи на должност. За разлика од Трамп, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари. ссм/

Остани поврзан