• сабота, 23 ноември 2024

Пензионерска ревија на песни, музика и игри во тетовски Лешок

Пензионерска ревија на песни, музика и игри во тетовски Лешок

Тетово, 9 јуни 2021  (МИА) - Здружението на пензионери од Тетово беше домаќин на 19-тата регионална ревија на песни музика и игри. Ревијата, односно настапите на пензионерите се одржаа во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во селото Лешок.

- Имаме претставници на шест здруженија од Тетово и од Скопје. Настапија членови кои изведоа песни, ора и игри со кои ги претставуваат своите традиции, обичаи и фолклор. Оваа ревија нема натпреварувачки карактер и суштината е во тоа кој поубаво ќе се претстави. Сета организација е во рамки на протоколите за заштита при пандемија пропишана од Министерството за здравство, изјави Селвер Мемети, претседател на Здружението на пензионери на Тетово.

Покрај тетовското здружение, настапија и здруженија од скопските населби Ѓорче Петров, Центар, Бутел, Шуто Оризари и Тафталиџе. Секое здружение имаше осум минути за настап и претставување, со можност најмногу осум лица оддеднаш да се најдат на сцената.ас/фф/

Остани поврзан