Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новите амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија
- Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија.
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија.
Како што информира Кабинетот на претседателот, Ами Ларсон Џеин е новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска, а Андраш Клајн е новоименуван амбасадор на Унгарија во земјава. Армен Једигариан е новоименуван амбасадор на Република Ерменија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. мд/вг/