• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски со сочувство за смртта на Владимир Глигоров

Пендаровски со сочувство за смртта на Владимир Глигоров
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска изрази сочувство по повод смртта на економистот и политиколог Владимир Глигоров. - Клучните тези на почитуваниот Владимир Глигоров, за Рамката за развој #МКД2030. Ви благодарам и почивајте во мир, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски. На 78-годишна возраст вчера во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари. Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика“, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal“ и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа. дма/са/

Остани поврзан