• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено

Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, упати честитка до медиумските работници во државава со порака дека мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат.

-Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста. Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање, стои во пораката од претседателот Пендаровски. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан