• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски на средба со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите

Пендаровски на средба со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими делегација на заедницата на Власите во нашата држава. Честитајќи го претстојниот празник, Пендаровски го истакнал значајниот придонес што претставниците на влашката заедница го даваат за севкупниот развој на Република Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата, на средбата претставниците на влашката заедница ги пренесоа своите размислувања во однос на досегашниот напредок во остварувањето на правата и заштитата на својот етнички, јазичен и културен идентитет. Претставниците на влашката заедница го информираа претседателот Пендаровски за планираните активности со кои ќе се одбележи претстојниот национален ден на Власите. ев/лв/

Остани поврзан