Пендаровски: На располагање ни се најсовремените дигитални алатки, од нас зависи дали ќе се вклучиме во големиот натпревар или ќе ја преспиеме оваа временска епоха
- На располагање ни се најсовремените алатки на дигиталната ера. Пред нас е поле со огромен потенцијал за економски раст и развој. Од нас зависи дали ќе се вклучиме во големиот натпревар или ќе ја преспиеме оваа временска епоха која веќе го одредува развојот на секоја национална економија, мала или голема, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 6. Конференција за е-трговија.
Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - На располагање ни се најсовремените алатки на дигиталната ера. Пред нас е поле со огромен потенцијал за економски раст и развој. Од нас зависи дали ќе се вклучиме во големиот натпревар или ќе ја преспиеме оваа временска епоха која веќе го одредува развојот на секоја национална економија, мала или голема, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 6. Конференција за е-трговија.
Како што истакна Пендаровски, државата мора да вложува во современо, дигитално образование за да го надмине дигиталниот јаз во општеството.
Според него, вештачката интелгиенција станува клучен фактор за уште поголеми иновации во речиси секоја сфера. Таа ги менува опфатот, природата и структурата на производството, на потрошувачките навики и на професиите. Вештачката интелигенција, напомена Пендаровски, веќе не е сведена само на агрегати за реклами, туку прераснува во р'бтен столб на малопродажбата.
-Во однос на дигиталната трансфорамција, земјава се соочува со три предзивици. Првиот предизвик е фактот дека технолошките иновации често се побрзи од регулацијата и отвораат простор за различни злоупотреби, од дезинформации до сајбер криминал и сајбер напади. Поради страв од измами, дел од потрошувачите се уште со недоверба гледаат на онлајн трговијата. Вториот предизвик е ризикот од зголемување на невработеноста и социјалната нееднаквост особено поради дигиталниот јаз и ниското ниво на дигитална писменост. Третиот предзивик е демографски. Младата дигитална генерација има клулчна улога во е-трговијата, Младиите луѓе не само што ги следат, туку и ги создаваат главните дигитални трендови од кои зависи економскиот раст. Но, тука лежи нашиот главен проблем. Светскиот извештај за миграција за 2020 година ја рангира земјава на 20. место во светот според стапката на миграција. Поради низа системски проблеми, вклучително и корупцијата, постои опасност да изгубиме огромен дел од нашата млада дигитална популација. За да одговори на овие предизвици, државата мора да ја гради довербата во овој сектор со тоа што ќе се бори против сајбер криминалот и ќе ја гарантира сајбер безбедноста на пазарот, подвлече Пендаровски.
Тој нагласи и дека државава мора да го развива системот на е-трговија за да може да привлекува инвестиции, да генерира работни места и да ги задржува младите во земјава.
Пред Пендаровски се обрати претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска која, исто така го истакна значењето на вештачката интелигенција. Таа рече дека вештачката интелигенција нема да го замени вработениот, но вработениот кој користи вештачка интелигенција ќе го замени оној што не ја користи.
-Како што нема раст на бизнисите без е-трговија, така нема раст на е-трговијата без вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме, купуваме и живееме, ги менува и редефинира работните места и ако правилно ја користиме ќе ни ја направи работата поефективна и попродуктивна, нагласи Пендаровски.
На Конференцијата чие издание Ангеловска го најави како најголемо досега, има над 600 гости, 30 домашни и интернационални говорници. мч/аа/
Фото: МИА