• сабота, 16 ноември 2024

Пендаровски: Ми пречи што санкционирани објекти кинат пломба и повторно работат

Пендаровски: Ми пречи што санкционирани објекти кинат пломба и повторно работат
Скопје, 18 декември 2020 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски смета дека рестриктивните мерки кои стапија на сила од денес се слични со оние во другите држави, но оти она што е поразително, според него, е непочитувањето на мерките. - Мене повеќе ми пречи тоа што еднаш санкционирани објекти кинат пломба и работат, навредуваат полиција и државни органи. Не ми се допаѓа имплементацијата на мерките. Не смееш да симнеш пломба на објект којшто е затворен затоа што претходно било докажано дека ги кршиш здравствените протоколи. Ова според мене е попоразителен факт отколку тоа дали објектите ќе бидат затворени во 21 или 18 часот, рече Пендаровски во вечерашното интервју за телевизија Канал 5. Според него, државата не смее да дозволи да чека на вакцините до март, ако соседните држави ги набават многу порано. - Ако другите ги добијат во понеделник, тогаш ние не смееме да чекаме до март. Што се вели, мора да се снаоѓаме. Недозволило е ние да бидеме меѓу последните, рече Пендаровски. Објавите на социјалните мрежи за несигурноста на вакцините и апелите да не се примаат, според Пендаровски, може да се спречат единствено со навремена информација и давање пример од страна на јавни личности дека вакцините се безбедни. - На социјалните мрежи имате доминација на луѓе кои тврдат дека ќе не чупуваат. Срамота е во 21 век тоа да го читаме. Срамота е некои полуписмени да не учат на Фејсбук - немојте да примате вакцина, 5Г ќе ви дојде. Ова би се спречило со навремена информација. Еве, како пример денеска потпретседателот на Америка во живо се вакцинираше и со тоа покажа дека ништо не е опасно, посочи Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5. бак/нд/

Остани поврзан