• петок, 22 ноември 2024

Пендаровски за ТВ-Н1: На Балканот да направиме природна симбиоза, барем малку да заличиме не некое просечно европско општество

Пендаровски за ТВ-Н1: На Балканот да направиме природна симбиоза, барем малку да заличиме не некое просечно европско општество
Белград, 9 март 2020 (МИА) - Македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервјуто што го даде за една од водечките ТВ станици во регионот, белградската ТВ Н1, изјави дека очекува Северна Македонија да добије датум за членство во ЕУ до крајот на месецот, додека членството во НАТО е скоро сигурно. -Сметам дека условите се доста зрели за да добиеме датум за преговори и барем да го отстраниме ова прашање од агендата. Како и да е, во однос на вториот пакет прашања предизвикани од настаните во Брисел минатата година, тука се појавија некои политички проблеми, пред се, заради минатогодишната политичката одлука на Брисел. Затоа, владејачката структура, владејачката коалиција реши да распише нови предвремени парламентарни избори за да го провери својот политички легитимитет - затоа што таа политичка структура, а јас сум дел од неа - не сум член на ниту една политичка партија, но сум дел од таа политичка структура, повеќе од десет години - постојано зборуваше за идејата за членство во ЕУ и НАТО. И сега, кога наидовте на ѕид за едниот од тие стратешки приоритети, а не по своја вина, логично е да побарате преиспитување на политичката легитимност. И тоа беше главната мотивација за предвремените избори, објасни Пендаровски. Кој и да победи на следните парламентарни избори во април, според негова оценка, ќе треба да се осврне на три најважни прашања: интеграција на Северна Македонија во НАТО, која е „скоро сигурна“ за Пендаровски, потоа завршување на преговорите со ЕУ и меѓуетничка кохезија меѓу двете најголеми заедница, но и меѓу другите. -Сепак, пред сè меѓу Македонците и Албанците на едно завидно ниво - да постои една нормална политичка и човечка комуникација за да можеме да ја одржиме внатрешната стабилност. Кој и да победи на следните парламентарни избори, тоа е како „ Оче наш“. Мора да пази на тоа, затоа што на тоа лежи основата на земјата, која е хетерогена - и религиозно и етнички, и која заради ваквиот состав, не може да се однесува поинаку, предупреди претседателот Пендаровски. Тој додаде дека би сакал да има фер соработка со сите други балкански лидери и дека се стреми да го стори тоа. -Како и да е, сите балкански лидери се за вредностите на Европа и Западниот сојуз. Сепак, практично, самите народи кои живеат во овој регион знаат дека на дневна основа - тоа не е така. Едно е тоа што се колнеме во ЕУ, во тој заеднички дом наречен „Обединета Европа“, но дома малку работиме за навистина да ги поврземе тие различни групи. Не само во етничка смисла. И, треба да направиме една природна симбиоза, барем малку да заличиме не некое просечно европско општество, истакна Пендаровски. Тој потсети дека ЕУ е мировен проект, но дека ова помирување меѓу народите започна, пред сè, на пазарот и дека истото размислување може да се примени и денес на Балканот. -Не само заради помирувањето меѓу балканските народи, бидејќи балкански војни беа неодамна, туку и затоа што на Европа и е многу важно дали овој регион институционално ќе биде поврзан. И, ако сакате, во безбедносна смисла, за што е доказ најновата мигрантска криза, дури и оваа на грчко-турската граница. Или ќе се направи слепа и глупа - и утре или за неколку дена ќе има милиони бегалци на нејзините шенгенски граници, така што Европа има практична потреба да нè интегрира. И, секако, пред тоа да достигнеме пристојно ниво на демократијата и во тоа генерално наречено- функционално пазарно стопанство, кажа претседателот Стево Пендаровски. Во врска со кризата на турско-грчката граница, Пендаровски наведе дека проценките и анализите покажуваат дека сите балкански земји се подготвени за транзит на поголем број бегалци, но дека не се подготвени за нивно стационирање подолг временски период, „заради нашите ноторно ограничени капацитети и ресурси во која било категорија “. Тој истакна дека ниту една земја, членка на ЕУ или не, не може да се справи сама со мигрантската криза. Додаде дека Западен Балкан е од суштинско значење за целокупната европска стабилност и безбедност, но и дека сите земји од Западен Балкан се доста поврзани во однос на безбедноста. -Ние, кога разговараме со одговорните во Брисел, не мислиме дека сега се важни само Албанија и Северна Македонија. Во овој момент да. Не заборавајте го Косово - без да навлезете во неговиот конечен статус. И тоа е дел од територијата на Западен Балкан. Или воопшто не заборавајте ја и не запоставувајте ја Босна и Херцеговина затоа што не можете да имате дупки во географските области или региони, некои се просперитетни, некои се интегрирани со овој напреден цивилизиран свет, а други се заборавени. Ние сме директни соседи. Во овој безбедоносен триаголник, за нас е исклучително важно како ќе се спроведат овие преговори меѓу Белград и Приштина кои се најавени и треба да се обноват. Ние сме соседи со обете држави. На нашиот северен дел, ние ги признаваме и Србија и Косово и имаме долга копнена граница со двете земји. Не е неважно каква ќе биде конечната одлука за меѓународниот статус на Косово. И затоа таа теза е точна - да, на Балканот секој зависи од секого и во безбедосен аспект и во економијата и во сите други полиња, за да имаме едно просперитетно општество, изјави Пендаровски во интервјуто на белградска ТВ Н1. об/вг/

Остани поврзан