• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски за пописот: Да не потпалуваме оган со скриени агенди, затоа што ни треба статистичка операција без политичко мешање

Пендаровски за пописот: Да не потпалуваме оган со скриени агенди, затоа што ни треба статистичка операција без политичко мешање
Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) - Неспорно е дека на Балканот, за жал пописот наместо статистичка е политичка операција, но дајте да се сретнеме, порачува претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за МИА . -Јас разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, вели претседателот на државата. Додава дека на овие простори пописот се врзува за политичка операција затоа што се уште правата на луѓето, во меѓународна терминилогија правата на човекот, се гледаат пред се низ националната призма, поради што ни треба статистичка оперција без   политички мешања. -Ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот, да ги одзема правата итн. Таква изјава до овој момент ние немаме од некои битни чинители на политичката сцена, пред се мислам на опозицијата, забележува Пендаровски во интервјуто за МИА. Шефот на државата потенцира дека не постои политичка терминологија, која го користи изразот бојкот на попис, резултатите можат да бидат непризнати, но не постои израз да се повикаат граѓаните на бојкот на пописот. -Значи ако вие се обидувате со одредена реторика да кажете дека ние не сме толку колку што ќе прикаже пописот утре, а затоа имате скриена политичка агенда, тогаш е чесно да го кажете тоа однапред, а не по пописот. Инаку Ве уверувам дека не постои политичка терминологија која користи израз бојкот на пописот. Не постои. Вие може да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, меѓутоа  не постои израз ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот. Такво нешто немам чуено до сега да се случило во европската политика. Сакам да излеземе со јасни ставови дека ова сакаме навистина да биде, не затоа да скриеме некоја друга агенда ако воопшто има скриена агенда. Затоа не мислам дека треба да потпалуваме повеќе огнови од оние кои веќе ги имаме години, години и веќе ги знаеме сите, пред се во економско социјалната сфера во која тешко се  живее, демографската сфера во која многу млади луѓе заминуваат и уште ни фали и тука да направиме проблем каде што го нема, порача претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за МИА, кое во целост ќе го емитуваме утре. да/ац/  

Остани поврзан