Пендаровски: Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да ја чуваме татковината
- Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.
Скопје, 7 јануари 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.
- Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и донесе просперитет во целото општество. Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да си ја чуваме татковината, напиша Пендаровски на Фејсбук. бак/